Почетокот на пролетта во Скопје е резервиран за уште една детска забава. Фестивалскиот викенд на 21-ви и 22-ри март 2020 година ќе помине во знакот на 17. Издание на Детскиот фестивал Поточиња.
Разиграни, распеани, а на сцената единствени, Поточиња се подготвени да приредат уште една голема забава. Актерот, Мартин Јорданоски, како домаќин и водител под маската на Поки, ќе ја води публиката низ уште една фестивалска приказна, а распеаните Поточиња ќе ги претстават новите песни и изненадувања.
ПОТОЧИЊА 2020 во Македонска опера и балет за 21. и 22. март ги претставува следните термини и тоа од 11:00 ч., 13:00 ч. и 18:00 часот во двата дена. Билетите се по цена од 250 денари и се достапни на следните продажни локации: Продажна мрежа МК Тикетс, Југотон, Билетара на МОБ, соопштија организаторите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.