11-тото издание на ЗДРАВО МЛАДИ официјално ќе се одржи во еден ден – 27 август.
Со тешко срце признаваме прва победа на пандемијата во изминативе 2 години. Дојде до промена на програмата, па моменталниот lineup за ЗДРАВО МЛАДИ 11 е следниов:
Hercules & Love Affair (dj set), Shortparis, Blackstate, Murman Tsuladze, ИСКРА, Луфтханза, Belgrado, Peki Pele + деновиве следуваат уште најави за артисти и дополнителна програма.
Биткава трае долго, но нема да дозволиме да не исцрпи.
Во знак на надеж дека ќе се реваншираме со пандемијата во 2022, купените билети можете да ги искористите за 27 август и да добиете попуст од 50% на билет за следното издание на ЗДРАВО МЛАДИ. Дополнително, во продажба се пуштени еднодневни билети по 400 денари кои важат само за годинешново издание. Истите се достапни на билетарница во МКЦ и онлајн преку bileti.mkc.mk. За рефундација на средствата пишете ни порака на социјалните мрежи или mail на online@mkc.mk, соопштија организаторите.
Фестивалот ќе се реализира согласно актуелните мерки/протоколи за организирање настани во отворен простор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.