Кристофер Пламер утрово почина на 91-годишна возраст во неговиот дом во Конектикат. Актерот со канадско потекло имаше плодна кариера долга седум децении, а одамна заслужениот „Оскар“ го доби конечно го доби во 2011 за филмот „Почетници“.

Добитник е на неколку „Тони“ награди за неговите театарски остварувања, а за постарата генерација засекогаш ќе остане капетанот Фон Трап од мјузиклот „Мои песни, мои сни“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.