Глумецот Жарко Лаушевиќ (60) е позитивен на коронавирусот.
Тој бил примен во болница на 27 октомври, а четири дена пред тоа имал операција на циста на забот, каде наводно се заразил со коронавирусот.
Лаушевиќ бил хоспитализиран по негово барање, бидејќи не се чувствувал добро и имал висока температура.
Во изјава за српските медиуми црногорскиот глумец открил дека се чувствува добро и дека состојбата му е стабилно, но по совет на лекарите останал да се лекува во болница бидејќи има повишен притисок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.