Мексиканските актери Хорхе Наваро Санчез (46) и Луис Херардо Ривера (30) во четвртокот загинаа по пад од висок мост. Актерите вежбале сцена за новата серија „Без страв од вистината“ на познатата продукциска куќа „Телевиса“.
La noche de este jueves, durante el ensayo de un escena de “Sin Miedo a la Verdad”, de Televisa, perdieron la vida Jorge Navarro Sánchez y Luis Gerardo Rivera https://t.co/tRJrnVZDgx
— El Universal (@El_Universal_Mx) January 17, 2020
Со големо жалење ве известуваме дека ноќта на 16 јануари, за време на проба за сцена во серијата „Без страв од вистината“ (Sin Miedo a la Verdad), актерите Хорхе Наваро Санчез и Луис Херардо Ривера ги загубија своите животи паѓајќи од мост. Нашите молитви се со семејствата на Хорхе и Луис Херардо, до кои упатуваме најискрено сочувство, се вели во соопштението од „Телевиса“.
Мексиканските медиуми јавуваат дека инцидентот, во кој Санчез починал на лице место а Ривера во болницата, учествувале околу 50 луѓе кои работеле на местото на настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.