Славниот режисер Вуди Ален во своето прво интервју по триесетина години пауза повторно негираше какво било сексуалното злоставување на ќерката Дилан.
Акцентот во интервјуто за „Си-Би-Ес“ е ставен на тешките обвинувања за сексуално злоставување со кои славниот филмаџија се соочува речиси три децении. Разговорот е снимен летоска, но објавен е дури сега како реакција на документарниот серијал „Allen v. Farrow“.
Ален во интервјуто говори дека обвинувањата за сексуалното злоставување не се засновани на вистински факти и дека се измислени од мајката на Дилан, Миа, бидејќи била лута поради раскинувањето на нивната долгогодишна љубовна врска.
Ален и Миа Фароу се разведоа во 1992 година откако таа откри дека тој ја изневерува со посвоената ќерка Сун Ји. Ален пет години подоцна и се ожени со Сун.
Тоа е апсурдно, но поради сето тоа на мојата кариера, сепак, остана една голема дамка. Никогаш не сум ја злоставувал Дилан. Ништо што некогаш сум го направил не може да се протоклува на таков начин – вели Ален.
Тој додава дека еден од доказите дека тој не е педофил е фактот што неговата моментална сопруга по нивната венчавка посвоила две девојчиња кои тие ги одгледаа заедно.
Никој не би му дал две девојчиња на еден педофил. Јас не сум тоа – вели Ален.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.