Акциониот филм „Вондер воман 1984“ (Wonder Woman 1984“ заработил околу 36,1 милиони долари во киносалите ширум светот за време на Божиќниот викенд, објави дистрибутерот „Ворнер Брос“, кој исто така ги потврди плановите за трет филм во оваа суперхеројска франшиза.
Се проценува дека од 36,1 милиони долари, 16,7 милиони дошле од киносалите во САД и Канада, соопштија од компанијата.
Тоа е најголемата заработувачка во кино салите во САД од првото затворање на почетокот на пандемијата на Ковид-19 во март, но бројките се само дел од вообичаената заработка на почеток на високобуџетната дистрибуција на филмови под нормални околности.
Во соопштението на компанијата се наведува дека филмот го гледале и милиони луѓе во своите домови во САД бидејќи бил достапен преку „ХБО Макс Ворнермедиа“.
Во петокот, бројот на часови на гледање на ХБО Макс се зголемил за три пати во споредба со обичен ден минатиот месец.
Од „Ворнер Брос“ соопштија дека ќе го забрзаат развојот на третиот филм „Вондер воман“, што исто така ќе биде напишан и режиран од Пети Џенкинс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.