„Гласна куќа“ е насловот на првата тинејџерска серија која се снима во Македонија по пауза од 30 години. Продуцент на „Гласна куќа“ е КМК Продукција.

„Гласна куќа“ е првиот тинејџерски ситком во Македонија. „Гласна куќа“ е она што недостасува на медуимскиот пазар за нашите тинејџери да имаат свои јунаци, да се раскажат нивните приказни. Ќе се обидеме да влеземе во нивниот свет, велат од продукцијата КМК.

Ликовите во серијата го толкуваат младите актери од актерската школа на Весна Петрушевска и тоа Анастасија, Кики, Никола, Кристијан, Мина, Давид, Софија, Јована.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.