Турската хит серија „Истанбулската невеста“ ги привлекува гледачите со своите несекојдневни сплетки и настани. Од месец на месец гледаноста се повеќе и повеќе се зголемува
По изгубеното бебе во првата сезона од серијата, на Суреја ќе и треба долго време да закрепне и ќе се плаши повторно да остане бремена. Сепак, во втората сезона таа ќе остане бремена и ќе роди ќеркичка која ќе ја крста Јаз (Yaz),што во превод на значи ,,Лето“.
Вистинското име на убавицата Јаз е Ашен Ероглу (Ahsen Eroğlu) која и е позната на турската публика по нејзината глума во познатите турски хит серии: “Прекрасен век“ , “За мојата мајка“ и “Јас и моите другарки“. Таа е релативно млада актерка која е родена на 27ми Октомври 1994 година. Своето образование го завршила на државниот Универзитет за спорт и спортски култури во Истанбул, но одсекогаш ја сакала глумата па одела на приватни часови во приватната академија за глума “Sahne 3MOTA“. Во меѓувреме таа се занимава и со дизајн и изработка на 3Д проекции. Продолжува да студира глума и се запишува на постдипломски студии за глума и актерство.
Во турската серија “Истанбулската невеста“ Ашен ќе ја глуми темпераментната Јаз која има 19 години и е ќерка на Суреја и Фарук. Таа ќе дојде на распуст дома во нивната куќа и веднаш ќе почне да се кара со мајка и Суреја, а понатаму и ќе почне да ја мрази и да и прави замки и непријатни ситуации. Што навистина ќе ја тера младата Јаз да и го прави тоа на својата мајка, останува да чекаме и да гледаме.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.