Вистинска приказна за познатата балетска ѕвезда Карлос Акоста, чија танчерска кариера забележеа фасцинантен успех, се најде на големото платно во домашните кина од 28 ноември.

Филмот „Јули“ (Yuli) на шпанската режисерка Исиан Болеин е снимен по автобиографијата на балетскиот танчер Карлос Акоста и ја следи приказната за трнливиот пат до ѕвездите на момчето, кој по инсистирање на својот татко, наместо на фудбалскиот терен го оствари сонот на балетската сцена и станува првиот црномурест играч кој ја добива улогата на Ромео во Лондонскиот Кралски Балет.

Заслугите за неверојатниот успех на светската балетска сцена ги препишува на својот татко, кој да го тргне од улиците на Хавана, инсистирал Карлос да се посвети на танцот, дисциплина и вежбање давајќи му го името Јули – воин. Реномираните балетски учители на Куба исто така го препознале неверојатниот талент на младото момче желно за други детски соништа наместо учење балет.

Не ја одбрав својата кариера и одземена ми е слободата на одлучување што да сторам со мојот живот. Татко ми ме втурна во ова без моја желба, но сега сум благодарен. Навистина сум среќен и не смеам тоа да го заборавам, изјави Акоста во едно интервју

Младиот Карлос го игра десетгодишниот Едлисон Мануел Олбера, а во филмот се појавува и самата ѕвезда Карлос Акоста како веродостојно би го приближил својот живот до публиката.

Филмот премиерно почнува да се прикажува на 28 ноември во кино Милениум и Синеплекс.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.