Во рамки на годинашното издание на мултимедијалниот фестивал „Преспаленд”, викендов ќе се одржи Отворено кино со македонски филмови и концерти на македонски музички ѕвезди.
Во сабота, како што информираат организаторите на фестивалот, по повод одбележување на Преспанското советување, на Споменикот во Отешево под отворено небо ќе бидат прикажани филмовите „Балканот не е мртов” на Александар Поповски со почеток во 20:00 и „Џган” на Вардан Тозија во 22:00 часот.
На 2 август, Илинден, пак, со почеток од 20:00 часот во Амфитеатарот во Ресен, концерт ќе одржи еден од најдобрите македонски етно состави- Љубојна, а по нив следува акустичен концерт на Слаткаристка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.