Сопругот на актерката Линда Лусарди, 51-годишниот Сем Кејн рекол дека актерската легенда конечно се вратила дома, откако на 19. март открила дека е заразена со коронавирус.

Сем на со своите следбеници на социјалните мрежи споделил:

Таков благослов е што вечерва сум со својата преубава девојка дома.

Тој редовно споделува со своите следбеници на социјалните мрежи каква е состојбата на неговата сопруга и апелира луѓето сериозно да ги сфатат правилата за самоизолација.

Не можам доволно да нагласам дека ова „не е само грип“. Ја гледав мојата девојка пред вратата на смртта, изјавил тој. Почувствував дека ме влече таму. Тоа е сурова, безобразна, безобзирна, немилосрдна, мрачна болест. Беше како да има три раце. Една ве дави. Другата ви го турка лицето надоле. Третата ви го корне срцето и едноставно не престанува…со денови. Ве молам, престанете да излегувате. Ве молам да останете безбедни, рекол тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.