Џан Јаман е прогласен за најубав турски актер и за него велат дека може да му ја загрози славата и на Бали-бег.
Џан се прослави со улогата во хит серијата „Романтичарот“ каде со својата партнерка Демет Оздемир вплови и во љубовна романса. Како што пишуваа тогаш турските медиуми, страста меѓу згодниот Џан и убавата Демет се роди на снимањето на 20 -та епизода, но нивната врска остана тајна се до самиот крај кога шармантниот турски актер престана да молчи и призна дека со Демет се гледал и приватно.
Џан има македонско потекло, односно неговата баба по мајка е Македонка, што дополнително ги краде симпатиите кај нашите гледачи, особено кај припадничките на понежниот пол.
Роден е во Истанбул, но долго време живеел во Америка каде студирал, но сега неговиот дом е Турција.
Семејството на моите родители се емигранти од Југославија. Баба ми од страна на татко ми е Македонка. Ние одамна живееме во Истанбул и нашето семејство е семејство на адвокати – изјави тој за еден од најпознатите турски портали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.