Турската актерка Бергузар Корел, најпозната по улогата на Шехерезад од хит серијата „1001 ноќ“, ги разочара и шокираше фановите ширум Европа со изјавате дека планира да направи пауза од глумењето и дека планира во иднина да му се посвети на семејството.

Во март годинава, таа и нејзиниот сопруг и колега Халит Ергинч, го добија второто дете, синот Хан. со Ергинч заедно се повеќе од 10 години, а покрај Хан, тие го имаат и десетгодишниот Алиј.

Актерката во една прилика за медиумите изјави дека планира во целост да му се посвети на мајчинството. Поради тоа што актерската работа е исклучително преизвикувачка и бара многу одрекувања, патувања и непреспиени часови, глумицата одлучила кариерата да ја остави на страна и вниманието да го насочи кон синовите и сопругот.

За турските медиуми вели дека не може да работи со ист интезитет и ритам како претходно и дека предноста сега ќе и ја даде на нејзиното семејство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.