Турскиот актер Џан Јаман, кој нашата публика може да го гледа во серијата „Романтичарот“ ги крши срцата не само на Турчинките, туку и во Италија и Шпанија.
Италијанските медиуми ја пренесуваат веста дека Џан Јаман е многу блиски до договор да се појави во италијанското ријалити „Lisola dei Famosi “ што во превод значи „Островот на познатите“.
Џан е еден од најпознатите турски актери, кој со актерство почнал да се занимава потполно случајно, откако го наговориле пријателите. По професија е правник, кој случајно ќе вплови во актерските води и кој на ова место за многу брзо време ќе се пронајде самиот себеси.
Неговата баба по мајка е Македонка, што дополнително ги краде симпатиите кај нашите гледачи, особено кај припадничките на понежниот пол.
Роден е во Истанбул, но долго време живеел во Америка каде студирал, но сега неговиот дом е Турција. „Семејството на моите родители се емигранти од Југославија.
Баба ми од страна на татко ми е Македонка. Ние одамна живееме во Истанбул и нашето семејство е семејство на адвокати, изјави тој за еден од најпознатите турски портали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.