„Елегантен трилер со невообичаена психолошка резонанца“ – со овие зборови магазинот „Варајети“ пишува за киноматографското остварување на германскиот режисер Оливер Кинле – „Четири раце“ што од денеска е на репертоарот на домашните киносали.
Станува збор за германски психолошки трилер за две сестри Софи и Џесика кои се сведоци на едно свирепо убиство во нивното детство. Џесика и ветила на својата помлада сестра Софи дека секогаш ќе ја чува, меѓутоа како стануваат возрасни ова постанува опсесија. Сега, Џесика (28) страда од параноја и насекаде гледа закани кон неа и нејзината сестра. Додека пак Софи (26) сака да живее нормален живот без никакви стравови и без својата сестра. Сака да постане пијанистка и среќно да се вљуби. Кога сторителите на свирепото убиство ќе бидат ослободени од затвор по 20 години, Џесика се шокира и веднаш сака да им се спротивстави. Но несреќно целосната ситуација се променува. Ветувањето на Џесика, дека секогаш ќе ја чува помалата сестра, се претвора во кошмар.
Дистрибуцијата во киносалите почна со проекција во Кинотеката на Македонија и Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ во Неготино од каде продолжува во Скопје, Струга и во останатите градови низ земјава. Дистрибутер за Македонија е „КТ Филм и Медиа“ од Битола.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.