Охрид од 22 до 26 овој месец ќе биде домаќин на третото по ред издание на „Beach Film Festival 2020“, осмислен како настан за презентација на новиот европски филм.
Во текот на петте фестивалски денови ќе се проектираат македонски студентски филмови, а предвидени се и бројни работилници за актерска игра.
Поради актуелната ситуација со коронавирусот и препораките за заштита од заразата ова фестивалско издание ќе се одржува на плажата „Свети Стефан“.
Првиот фестивалски ден влезот ќе биде слободен, а за останатите денови влезниците ќе чинат сто денари што веќе можат да се набават преку Интернет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.