Американската актерка Шенон Доерти која се прослави по улогата на Бренда во серијата „Беверли Хилс“, денеска го слави својот јубилеен 50-ти роденден.

Нејзината борба е навистина лавовска, ако се земе в предвид нејзината шестгодишна борба со рак на дојка.

Шенон пред неколку месеци ја откри лошата вест дека повторно ѝ се вратил канцерот и тоа во уште посилен, четврт стадиум.

Светските медиуми тогаш информираа како легендарната Бренда се помирила со фактот дека овојпат нема да успее да ја победи болеста и дека се подготвува за сопствената смрт.

Шенон дури тврдеше дека си одбрала и фустан за своето вечно почивалиште.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.