Инспириран од бурната љубовна приказна на своите родители, во повоениот период во Варшава, полскиот режисер Павел Павликовски ја сними драмата „Студена Војна“, и повторно низ сценариото се врати во својата татковина.


Филмот на Павликовски влезе во најтесниот избор за наградата Оскар и понесе три номинации: за најдобар странски филм, најдобра фотографија и најдобар режисер, додека на Канскиот Филмски Фестивал 2018 Павликовски е прогласен за најдобар режисер.

Страствената љубовна приказна меѓу двајца млади луѓе, кои заради своето различно потекло и темперамент, на прв поглед се чинат неспоивли, но сепак судбински сместена во време на студената војна, во педесетите години на минатиот век во Полска, Берлин, Југославија и Париз.

Љубовта на џез пијанистот Виктор и младата Зула, талентирана за пеење и танц, „гори“ на позадините на повоена Европа која е раздвоена од моменталната политика и несреќните судбини.

Приказната на моите родители беше матрица за сите мои приказни ќе рече режисерот Павел Павликовски во едно интервју. Не размислував долго за тоа, за приказната како таква. Тогаш сфатив дека во својата работа секогаш ме привлекувала таква љубовна приказна.

По успехот на филмот „Ида“ (2013) кој е првиот полски филм кој добива Оскар, режисерот Павликовски повторно се враќа на приказната за својата татковина во времињата кои ги одбележа Втората Светска Војна.

Филмот „Студена Војна“ започнува да игра на редовниот репертоар во домашните кина од 4 април.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.