Познатиот стенд ап комичар и актер Кумаил Нанџани и подеднакво актуелниот амерички актер и поранешен професионален борач Дејв Баутиста ги имаат водечките улоги во најновата урнебесна комедија „Стубер“, чија премиера е вечерва во кината.
Режисерот Мајкл Дауз познат во светот на комедијата ги спојува на големото платно Вик (Баутиста) и Сту (Нанџани) – два неспоиви ликови, два различни карактери помешу кои постои голема генерациска разлика, што е основа на оваа акциона комедија.
Сту е дрдорлив милениалец кој несака да ризикува и кој покрај редовната работа во продавница за спортска опрема додатно заработува со тоа што вози Убер, обидувајќи се да заштеди доволно за некои идни планови. Оцената со пет ѕвезди му е единствена цел. Вик е средновечен човек, стара школа, „алфа детектив“. Годините изминати во користење на телото како боксерска вреќа почнуваат да си го земаат данокот, но Вик никогаш не застанува. Не ја сака модерната технологија и социјалните мрежи, а кога брзо се лути знае и брзо да го повлече чкрапалото.
За работата на филмот, протагонистот Кумаил Нанџани истакнува:
Никогаш немав прилика да играм во акционен филм. Ги сакам ваквите филмови, сценариото е доста интересно и смешно, и ова е таков тип на акција која ја има вметнато комедијата на прав начин. Инаку голем фан сум и на Дејв Баутиста.“
Професионалниот борач и актер Баутиста додава: „Во филмов има многу работи, но крајната цел е да ја натера публиката на смеа.“
Филмот „Стубер“ се прикажува во кината Синеплекс и Милениум во Скопје, како и 3Д киното во Битола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.