Од режисерката Аличе Рорвачер и извршниот продуцент Мартин Скорсезе ни пристигнува филмот „Среќен како Лазаро“, чие бајковито сценарио е прогласено за најдобро на минатогодишниот фестивал во Кан.
Магичната приказна за наивното момче кое е олицетворение на добрината и чистата душа ќе се најде на редовниот репертоар на кината од 18 април.

Ова е приказна за средбата на Лазаро, младо моче кое поради својата добрина често е погрешно сватен, и Танкреди, млад благородник со бујна фантазија. Животот во нивното село Инволата го контролира ужасната Маркиза Алфосина де Луна, кралица на цигарите. Довербата меѓу Такреди и Лазаро е толку голема што Танкреди бара од пријателот да го исценираат неговото грабнување. Нивното пријателство е толку цврсто што Лазаро патува низ времето во потрага по Танкреди. Во големиот град, Лазаро изгледа како само мал дел од минатото.

По успехот со „Чудо“, режисерката Рорвачер се одлучува за уште едно хуманистичко остварување „Среќен како Лазаро“, за класните поделби и пријателството, во време на компромитирани човечки вредности, го става на тест.

Во улогата на кралица на цигарите Маркизат Алфонсина де Луна, се најде италијанската глумица Николета Браски („Животот е убав“), додека останатите улоги ги толкуваат: Адриано Тардиоло, Серџи Лопез, Лука Чиковани и други



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.