Од филмската легенда на гробиштата, Меморијален парк „Village Westwood“ во Лос Ангелес се простиле скршеното семејство и пријателите.
Приватниот погреб бил два дена откако глумецот починал во својот дом во 104. година. На свечената церемонија биле неговата сопруга Ен (100), синовите Мајкл (75), Џоел (73) и Петер (64), снаата Кетрин Зита Џонс (50), внуците Камерон (40) и Дилан Мајкл(19), режисерот Стивен Спилберг (73) со семејството и други блиски пријатели.
Сопругата на Кирк, Ен, паднала од тага додека го испраќале ковчегот, а зад неа чекореле расплаканите Мајкл И Кетрин. Тагата ја криеле под црните очила. Ен и Кирк заедно минале 65. години во брак.
Погребот го водел рабинот Дејвид Волп(61) кој 25. години бил пријател со Кирк.
Ја имав таа привилегија покрај неговиот кревет да му рецитирам на хебрејски и да му дадам последен причест. Последните денови беше дома, окружен со семејството, во куќа полна со цвеќе, држејќи се за раце со саканата сопруга, рекол Волп.
Мајкл Даглас вчера е виден првпат по смртта на таткото. Глумецот и неговата помајка отишле во вилата на Беверли Хилс која му припаѓала на Кирк. Скршениот Мајкл гледал во земја додека во фармерки и црна блуза одел кон куќата.
Пристигнал малку пред помајката, која медицинскиот персонал за заштитил со ќебе кога во инвалидската количка одела кон вилата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.