Швајцарската фантастична драма „Сонот на Катрина“, третиот филм на браќата Дарко и Мирко Бишофбергер, од денеска се прикажува кината и домовите за култура низ републиката по неполн месец откако премиерно беше прикажан на Фестивалот за европски филм „Синедејс“.
На „Синедејс“ беше прикажан во рамки на програма „Земја во фокус – Швајцарија“.
„Сонот на Катрина“ е драма на жена која се обидува да си ја врати желбата за семејство откако сопругот се врати од фатална несреќа. Но, нејзиниот сон наскоро се претвора во кошмар. Филмот ја обработува вечната човечка потреба да се има деца во време во кое односите постепено стануваат пократки, додека животниот век продолжува да се зголемува благодарение на современата медицина – дури и после смртта.
Филмот е швајцарско- италијанска копродукција и трае 94 минути. Музиката за филмот ја направи Хуго Липенс, кој беше номиниран за „Најдобар млад европски композитор“.
Катрина сака да има деца, но нејзиното момче Луис не сака. Таа се вљубува во неговиот најдобар пријател Рон, кој станува мажот на нејзиниот живот. Една вечер, враќајќи се пијани од една роденденска забава, двајцата пријатели доживуваат сообраќајна несреќа, во која Рон ја губи главата, а Луис телото. Благодарение на трансплантација на главата, двајцата мажи преживуваат, споени во еден човек. Катрина сега мора да се справи со телото и умот на двајцата мажи за да си го исполни сонот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.