Во склад со обичаите на Задушница, денеска на белградските Нови гробишта некаде околу пладне стигнал Милован Глоговац, татко на актерот Небојша Глоговац кој е погребан во Алејата на заслужните граѓани.
Таткото на непрежалениот актер положил цвеќе и запалил свеќа на саканиот син, видно нажален, не можејќи да ги задржи солзите додека стоел над гробот.
Потресната сцена ги погодила сите кои се затекнале на гробиштата, како и почитувачите на покојниот актер, кои денеска жалат заедно со неговото семејство.
Таткото на Небојша потоа нечујно ги напуштил гробиштата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.