Холивудскиот актер Џорџ Клуни ги насмеа фановите ширум светот, откако во една американска емисија се пошегува велејќи дека тој и неговата сопруга Амал Клуни направиле сериозна грешка во одгледувањето на тригодишните близнаци Александар и Ела.

Актерот откри дека неговите деца, и покрај тоа што се толку мали, одлично го знаат италијанскиот јазик, а дека тој и Амал, не го знаат.

Направивме глупа грешка. Им дадовме оружје, наречено италијански јазик. Го зборуваат течно со три години, а ниту јас, ниту сопругата не го зборуваме овој јазик, рекол и појаснил кога настанува проблемот.

Јас им велам да одат да ја исчистат собата, а тие велат ‘Eh, papa stranzo’. На тоа можам само да прашам што?- раскажал и се пошегувал на своја сметка дека тој е од Кенатаки и дека и англискиот јазик нему му е втор.

Тој раскажал дека за време на пандемијата морал да работи домашни работи, како перење алишта, подови и садови.

И не влегував во собата во која се децата кои зборуваат италијански – напоменал уште еднаш актерот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.