Холивудската и светска актерска легенда, сер Ентони Хопкинс, на Твитер објави нова фотографија и ја разбранува јавноста со безброј коментари.

Тој е многу активен на социјалните мрежи и често ги развеселува фановите со необични видеа, но овојпат реши да сподели необична селфи фотографија.

Веќе 170 дена поминати во карантин, мислам дека сè уште не сум полудел – напиша актерот под фотографијата.

Хопкинс е во строг карантин веќе 5 месеци, затоа што спаѓа во најзагрозената категорија.

Ентони има 82 години и понатаму не планира да го напушти својот дом во Калифорнија, затоа што се забавува на различни начини.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.