Поранешната сопруга на Том Круз, Кејти Холмс, најверојатно е трудна, пишуваат светските таблиди.
Иако за љубовниот живот на 41-годишната Холмс има само нагаѓања дали има нов љубовен партнер, врз основа на најновите фотографии папараците заклучуваат дека Кејти е на пат по вторат да стане мајка.
Кејти пред неколку дена е снимена на прошетка со нејзината ќерка, Сури, а на себе имала долго летно фустанче во кое јасно се наѕира нејзиното меше. А, поради тоа што актерката е позната по тоа што вообичаено е многу слаба, многумина се убедени дека таа е трудна.
Сури многу се радува и е во исчекување – пишуваат медиумите, коментирајќи ја новата сосотјба во домот на Кејти и нејзината 14-годфишна ќерка.
Кејри во јавноста последен пат се појави со своето поранешно момче, 52-годишниот актер Џејми Фокс, но со оглед на тоа што тие одамна ожсоопштија дека повеќе не се во врска, фановите на Кејти се прашуваат со кого актерката ја има тајната принова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.