Мајкл Џи Фокс проговори за болеста со која се бори 30 години. На славниот актер дијагностицирана му е Парикинсонова болест на 29 години, а тој призна дека морал да оди и на операција на мозокот како би го ублажил тресењето на телото, што е еден од симптомите на оваа болест.

Засегa се е стабилно, но ако се влоши, наскоро можеби нема да може да одам, ниту да ги користам рацете – рекол актерот.

Тој почнал да губи рамнотежа, се почесто паѓал, што и покрај неговиот ведар дух, нему во исто време му било и смешно и тешко, па поради сериозните проблеми се подложил на операција.

Во едно интервју Фокс признал дека сознанието дека боледува од таа болест го депримирало, па се оддал на алкохол.

Искрено. Им реков на лекарите: Знаете ли вие кој сум јас?Мора да сте се збуниле. Мислев дека е невозможно тоа да ми се случи баш мене. Дијагнозата ме избезуми. Едноставно сакав да побегнам од неа. А утеха, за жал најдов во алкохолот – признал Мајкл.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.