Компанијата „Волт Дизни“ и филмската ѕвезда Скарлет Јохансон се спогодија околу судскиот спор околу дистрибуцијата на филмот на „Марвел“ – „Црната вдовица“.
Јохансон ја тужеше компанијата, обвинувајќи дека го прекршиле договорот со објавувањето на филмот на платформата „Дизни плус“, додека филмот се емитуваше и во кината. Глумицата изрази став дека таквата одлука ја лишува од можна заработка.
Подробности од договорот засега не се откриваат во јавноста.
Многу сум задоволен што успеавме да постигнеме заеднички договор со Скарлет Јохансон за спорот околу „Црната вдовица“. Го цениме нејзиниот придонес во кино-универзумот „Марвел“ и со нетрпение очекуваме да работиме заедно на уште многу претстојни проекти, вклучувајќи ја и „Кулата на теророт“ (Tower of Terror) – изјави Алан Бергман, претставник на студиото „Дизни“.
Јохансон исто така, е задоволна што успешно ги решила своите разлики со продукцискиот гигант и се радува на натамошната соработка.
Многу сум горда на работата што ја правевме заедно во текот на годиниве и многу сум среќна со мојот креативен однос со тимот на компанијата соопшти актерката..
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.