Кирк Даглас, кој почина на 103 години синоќа беше роден 9 декември 1916 година како Исур Данијелович Демски. Бил син на неписмени руски имигранти, а ги одигра некои од најславните улоги во историјата на кинематографијата, од Спартак и Винсент ван Гог до Док Холидеј.

Исур го сменил името во Кирк Даглас во 1941 година и ѝ се придружи на американската морнарица, каде што бил офицер за комуникации, задолжен за откривање и уништување на непријателските подморници. Во војска поминал само три години, бидејќи бил повреден.

Добил посебна стипендија, се запишал на Американската академија на драмски уметности во Њујорк, каде што ја запознал Дијана Дил, која во 1943 година станала негова сопруга. Со неа ги добил синовите Мајкл, кој стана глумец и Џоел, кој работи како продуцент, но се развеле во 1951 година. Три години подоцна Кирк се оженил со Ен Бајденс, со која добил уште два сина, Питер и Ерик. Питер се занимавал со продукција, а Ерик тргна по стапките на татка си, се занимаваше со глума, се до смрттта во 2004 година.

Со Ен беше во брак повеќе од шест децении.

Во една прилика рече: Ако сакаш да дознаеш нешто за некој човек, добро погледни ја жената која ја избрал за сопруга!

Кирк во кариерата заведе бројни славни дами меѓу кои и легендите на големото платно, Рита Хејворт, Марлен Дитрих и Џоан Крафорд.

Иако кариерата ја почнал на радио и на телевизија, како и во театар, пријателството со колешката Лорен Бекол му овозможи да се пробие и на филм. Таа го препорачала и така ја добил улогата во филмот „Чудната љубов на Марта Ајверс“ во 1946 година.

Даглас никогаш не освои Оскар за филмовите, но доби еден почесен, како и награда за животно дело на Американскиот филмски институт, почесен Златен глобус и Претседателски медал на слободата. Неговите најславни фимови се „Спартак“, „Патеки на славата“, „Седум дена во мај“, „Копнеж за живот“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.