Нов документарен филм за принцезата Дајана пристигнува на „Нетфликс“, а британските медиуми веќе пишуваат дека тој „многу ќе ги изнервира принцот Вилијам и Хари и британското кралско семејство“.
Филмот е насловен „Being Me: Diana“, а ги прикажува темните страни на животот на најсакуваната принцеза во историјата: нејзините проблеми со менталното здравје, нарушениот апетит, несреќниот брак со принцот Чарлс, но и тешкото детство. Документарниот филм, наводно, ќе биде во четири дела, а „The Sun“ пишува дека во него ќе се открие и дека Дијана се обидела да си го одземе животот четири пати.
Документарецот во моментов го изработува телевизискта куќа „ДСП“, но иако сè уште не е официјално потврдено, се Нетфликс ќе ја преземе приказната за животот на принцезата Дијана. Документарниот филм ќе содржи досега невидени снимки на Дијана од раните 90-ти, а некои од нејзините најблиски соработници ќе се појават пред камерите.
-Членовите на кралското семејство, како и членовите на семејството Спенсер, ќе одбијат да учествуваат во документарецот. Вилијам и Хари многу ќе се вознемират, особено Хари, затоа има соработка со Нетфликс на неколку проекти – вели изворот на „The Sun“.
Ендемол Шајн, компанијата сопственик на „ДСП“, соопшти дека не станува збор за проект нарачан од Нетфликс и дека „сè што користат е јавно достапно“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.