Актерката Патриша Аркет откри дека била на состанок со човек кој подоцна бил осуден за силување и убиство. Станува збор за Марк Роговски Гатор кој бил осуден за силување и убиство на 22-годишната Џесика Бергстајн во 1991 година.

Актерката го откри овој шокантен момент од нејзиниот живот, додека одговараше на прашања на фановите на Твитер, а прашањето гласеше „Кој бил најлошиот состанок на кој некогаш била“.

Втор состанок. Тој беше професионален скејтбордер и многу симпатичен. Беше пријател на мои пријатели. Се забавувавме, но нешто ме исплаши кога ме бакна. Му дадов погрешен телефонски број. Години подоцна ја убил својата девојка – обелодени 53-годишната актерка.

Роговски моментално се наоѓа во затвор и издржува 31-годишна затворска казна за убиство и силување. Тој беше популарен професионален скејтбордер во осумдесеттите години, но неговата кариера замре во 90-тите години поради зависност од алкохол, пишува „Дејли меил“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.