Славната холивудска актерка Шерон Стоун, во својата книга „The Beauty of Living Twice“ открива дека во 1995 година од свој џеб му го платила хонорарот на Леонардо Ди Каприо, затоа што филмско студио не сакало да го ангажира за улогата во филмот и да го плати тој трошок.

Во периодот од неговиот прв филм „What’s Eating Gilbert Grape“ од 1993 година, па до „Титаник“, снимен во 1997 година, Леонардо Ди Каприо, иако веќе номиниран за Оскар, не можел да ја добие улогата во филмот „The Quick and the Dead“.

Сепак, како што Шерон Стоун пишува во својата книга, Ди Каприо бил маестрален на аудицијата и таа сметала дека тој е единствениот вистински избор за оваа улога. Но студиото „Тристар“ одбило да го ангажира и плати актерот.

Ми рекоа тогаш дека секогаш си пукам во својата нога и дека тие не се сигурни дали Леонардо би бил добар избор, иако ги молев да го ангажираат. Подоцна ми рекоа сама да го платам, доколку толку го сакам во филмот, па јас токму тоа и го сторив – вели Шерон.

Како што објаснува, таа тогаш дел од својот хонорар му го уплатила на Ди Каприо и на тој начин му овозможила да биде во споменатиот филм.

Слично било и со режисерот Рејми, за кој студиото верувало дека е лоша класа на режисер.

Ги убедував дека е добар и дека ќе работи речиси за џабе, бидејќи тој само сакаше да биде дел од овој проект. На крајот, тие се согласија и со тоа – вели Шерон Стоун.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.