Мексиканската актерка, Салма Хајек (54) се проби во Холивуд во 1995 година со  филмот „Десперадо“ во режија на Роберт Родригез, во кој таа ја толкуваше партнерката на Антонио Бандерас (60).

Во тоа време Мексиканката се борела со совладување на англискиот јазик на потребното ниво, но и со дислексија, што многу ѝ отежнувало почетокот на нејзината кариера, но со првата значајна улога во големиот проект, се појавиле и нови маки.

Гостувајќи во подкастот „Експерт од фотелја“ од Декс Шефард и Моника Падман, Хајек открива дека немала поим дека ќе треба да снима секс-сцени со Бандерас. Како што вели, никој не ја принудувал на ништо, но објаснува зошто тоа било трауматско искуство за неа.

Бев апсолутно преплашена! Почнав неутешно да плачам на сетот, бев исплашена, мислев дека јас тоа нема да можам да го направам. Всушност, најмногу се плашев од Антонио. Тој всушност беше многу мил, но ме плашеше неговата слобода. За него, тие сцени со секс беа ништо, а јас липав. Режисерот Роберт Родригез и тој беа неверојатни. Не ме принудија да направам ништо, не ме притискаа. Тие беа свесни дека тоа е трауматско искуство за мене, па дури се обидоа и да ме насмеат. Се сеќавам дека не ја испуштав од рака крпата со која бев покриена, но некако, сепак, ја снимивме сцената – се сеќава славната актерка на дамнешната авантура.

Хајек заклучува дека целата приказна може да биде и смешна од денешна перспектива, но дека на жените им е потешко и тие се оптоварени со работи со коишто мажите не се и не мора да бидат.

Постојано размислував за татко ми и брат ми, се прашував дали ќе го видат тоа, дали другите луѓе ќе ги задеваат за мене… Машките актери не треба да се занимаваат со тоа. Нивните татковци веројатно се само горди што нивниот син глуми мачо тип во кревет – вели актерката.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.