Руската државна телевизија ќе ја емитува драмата за чернобилската катастрофа, која ќе биде многу поразлична од таа на „Ејџ-би-о“.

Иако сè уште не се објавени службените снимки, наводно излегол трајлерот.

Режисерот Алексеј Мурадов тврди дека неговата серија ќе покаже „што навистина се случило“.

Постои теорија дека Американците се инфилтрирале во Чернобил, а многу историчари не кажуваат дека на денот на експлозијата во редовите имало агент од непријателската агенција за разузнавање, изјавил режисерот.

Руската верзија на Чернобил е снимена во Белорусија, а нејзиното емитување треба да започне оваа година.

Чернобил со брзина на светлината се најде на врвот на листата на IMBD според оцените на корисниците, но извештајот тврди дека во Русија не е примена толку добро, а сега одлучиле да ја исфрлат и својата верзија. Лад Бајбл пишува дека во оваа верзија ќе биде вклучен и американски шпион кој го пратила ЦИА.

Серијата исто така ќе се вика Чернобил, а според пишувањата на руските медиуми ќе го прикаже „алтернативниот поглед на трагедијата во Припјат“.

„Гардијан“ открива дека во средиштето на случувањата ќе се најде агент на ЦИА кој е испратен во Припјат за да собере податоци за нуклеарната несреќа и руски агент кој е испратен да го фати.

Трејлерот може да го погледнете тука.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.