Не престануваат обвинувањата за Фацата од „Сексот и градот“. Сега се појави трета жена која го обвинува за сексуална злоупотреба. Нападот врз неа се случил, вели таа, кога имала само 18 години. Таа се обидела да го оттурне, но тој бил премногу силен за неа.
30-годишната девојка која зборуваше против актерот го користи псевдонимот „Ава“ и наведува дека актерот Крис Нот (63) наводно ја нападнал во ресторан во 2010 година.
Се чувствував како да сум единствената личност на светот која ме слушна како кажувам „не“, вели таа за „Пејџ Сикс“.
Посочи дека одлучила јавно да проговори за средбата со актерот откако во странските медиуми видела дека две други жени имале слично искуство како она што и дало храброст. Едната го обвини за сексуална злоупотреба во 2004 година, а другата во 2015 година. Актерот ги отфрли сите обвиненија.
Кога актерот ја нападнал Ава, таа имала само 18 години и работела како водителка и пејачка во италијанскиот ресторан „Да Марино“ во Њујорк.ме во канцеларија заедно, рече таа, опишувајќи го актерот како тежок и силен.
Актерот ги негираше сите наводи на Ава и ги нарече „целосно измислени“.
Крис воопшто не ја познава оваа личност и, како што веќе беше кажано, тој не ја поминал и никогаш не би ја преминал границата на тој начин – изјавил претставникот на актерот за западните медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.