Силвио Хорта, творец на популарната серија на ABC, „Грдата Бети”, е пронајден мртов во хотелска соба во Мајами.
Извори блиски на полицијата навеле дека бил пронајден со рана од огнено оружје, додека неговиот портпарол не сакал да ги коментира деталите од трагедијата, пренесува “Variety”. Имал 45 години.
Од Хорта со трогателна порака на Инстаграм се простила Америка Ферера, која ја толкувала главната улога во серијата, Бети Суарез.
Скршено ми е срцето поради веста дека Силвио починал. Неговиот талент и креативност на мене и на многу други ни пружија среќа и радост. Во мислите сум со неговото семејство и саканите кои сега трпат страшна болка”, напишала актерката која играла во серијата од 2006-та до 2010-та година.
Серијата настанала по пример на шпанската серија и била многу популарна, а го следела животот на Бети, која добила работа во едно модно списание на Менхетн.
Освен Хорта, главни продуценти биле и Селма Хајек, Хозе Тамез, Бен Силверман и Џоел Фидс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.