Саманта се враќа во „Сексот и градот“

Филм 01.06.2023 / 13:14

И додека секој од ликовите одигра значајна улога во разбирањето на потребите на жените, Саманта Џонс беше дефинитивно ослободувачки лик, потсетувајќи нè дека е во ред да имаш потреби.

Затоа фановите останаа шокирани кога дознаа дека Ким Катрал, која ја толкуваше Саманта, нема да се врати во продолжението на серијата кое се вика „И баш така“.

Сега доаѓа важна вест која разочара многумина. Како што пренесуваат светските медиуми, Ким ќе ја повтори својата иконска улога на Саманта Џонс во финалето на втората сезона на серијата „ And just like that“.

Таа ќе се појави само во една сцена. Според изворите, Ким ја снимила својата сцена на 22 март во Њујорк без да ги види или да разговара со другите ѕвезди од серијата, вклучувајќи ги Сара Џесика Паркер и Мајкл Патрик Кинг.

Во секој случај, во таа сцена Саманта, која во серијата се преселила во Лондон, ќе има телефонски разговор со Кери Бредшо. Во првата сезона на „И баш така“, Кери се допишувала со Саманта, а во финалето тие двете направија план да се видат за да се помират.

Сето ова не значи дека Саманта целосно се враќа на овој проект. Сепак, враќањето на Саманта во која било форма сигурно ќе ги израдува фановите на серијата „Сексот и градот“, кои со години во неа го гледаат најнезаборавниот лик.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.