Руската телевизиска мрежа „НТВ“ најави дека ќе снима своја верзија на серијата „Чернобил“ која ќе се заснова на претпоставката дека ЦИА испратила агент во Чернобил за да изврши саботажа, пренесува „Москва тајмс“.

Како што пишува „Москва тајмс“, руските медиуми кои се тесно поврзани со Владимир Путин ја критикуваа серијата „Чернобил“ која во Русија стана национална сензација, иако е достапна само на интернет.

Конкуренцијата со оваа серија сакаат да ја извалкаат сликата за Русија како нуклеарна сила, пишува „Комсомолскаја Правда“, „Аргументи“ и „Факти“ весници кои во Русија главно ги читаат повозрасни лица, и пишуваат дека серијата не ги претставува настаните веродостојно и дека ја карикира вистината.

Водителот на телевизискиот канал „Русија 24“ Станислав Натанзон рече дека на серијата и фалат уште само мечки и хармоники, обвинувајќи ги авторите дека лажеле оти руските власти не сакала да ја признаат грешката, наведувајќи една статија од 1987 година во која Валериј Легасов го критикува управувањето со нукларната индустрија. Во својата емисија водителот на „Русија 24“ тврди дека серијата на „Ејџ-би-о“ е погрешна бидејќи сугерира дека тогашните советски власти се плашеле да ја признаат грешките и таа недоумица довела до страшни последици. Точно е дека Легасов напиша таква статија за КП во 1987 година, но на уредниците не им се допадна и тие одбиле да го објават. Водителот не кажува дека уредниците на КП не сакале да ја објават статијата што ја напишач Легасов, туку таа е објавена две недели откако авторот се самоубил.

Факт е дека американскиот, а не рускиот телевизиски канал ја раскажа приказната за нашите херои претставува срам за медиумите кои се блиски до Кремљ, пишува во текстот за „Москва тајмс“ новинарот Илија Шепин.

Токму тоа е причина поради која Русите сакаат да направат своја верзија на приказната која ќе биде засновата на теоријата на заговор.

Како оправдување за приказната Алексеј Мурадов, режисерот на серијата која ја снима руската НТВ се повикува на теоретичарите на заговор.

Една теорија тврди дека Американците се инфитрирале во Чернобил и многу историчари не порекнуваат дека на денот на експолозијата бил присутен агент на непријателските служби.

Наместо почитување кон јунаците кои се жртвувале за да ги надминат последиците од чернобилската катастрофа, Москва ни дава возбудлив детективски филм заснован на теорија на заговор во која официри на КГБ се борат да ги спречат американскиот шпиони, пишува ТМТ.

Во исто време, во остатокот на светот серијата „Черниобил“ добива пофалби. Веќе го има епитетот „една од најдобрите серии во историјата на Ејџ-би-о“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.