Актерот Рами Малек ги живее најдобрите години од актерската кариера, шпекулациите велат дека токму тој ќе биде новиот негативец на најпознатиот британски таен агент, Џејмс Бонд. Откако освои Оскар, Златен глобус и БАФТА награда за улогата на Фреди Меркјури во филмот „Bohemian Rhapsody“, нова можност за уште поголема слава е пред Малек.
Младиот актер влегол во потесната конкуренција за избор на нов негативец во 25-от филм за тајниот агент Џејмс Бонд, а холивудските извори велат дека токму тој е фаворитот на сценаристот и режисерот на филмот, Кери Фукунага.
Единствениот проблем на Малек беше снимањето на серијата „Mr. Robot“, поради кое не можеше да го усогласи распоредот за да биде дел од новото продолжение на сагата за агентот 007. Но, откако направи неколку рокади во распоредот, останува само уште да биде потврден како дел од филмот.
Засега не се познати детали околу изгледот и името на ликот кој би го глумел Рами Малек, но се шпекулира дека тој би можел да биде слеп човек што ќе му предизвика големи проблеми на Џејмс Бонд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.