Хрватскиот актер и режисер, Раде Шербеџија, се огласи за смртта на легендарната филмска и театарска актерка, Мира Фурлан, која почина на 65-годишна возраст.

Шербеџија откри дека актерката долго време била неизлечливо болна.

Често бев во контакт со Мира Фурлан. Кога се вратив од Америка, тогаш поретко, но додека живеев во истиот град, Лос Анџелес, често се гледавме и се дружевме. Што да кажам. Не сум ја видел долго време. Таа долго време беше тешко и неизлечливо болна. Беше во кома. Во тоа време секоја врска со неа беше прекината. Но, на сите ни остана во срце, бидејќи Мира Фурлан, сигурен сум, беше една од најубавите актерки во поранешна Југославија – вели Шербеџија.

Шербеџија си спомнува на моментот кога го отворале театарот во 2001 година и на претставата „Кралот Лир“.

Ленка и јас ја поканивме да ја глуми Луда, но таа не се осмелуваше да дојде. Беше воодушевена, но не се осмелуваше. Беше премногу ранета, бидејќи како вистинска хероина, таа беше и трагичар во приватниот живот – вели Шербеџија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.