Режисерот Зек Снајдер на Инстаграм објави слики од новиот Џокер, со што на јавноста официјално и обзнани дека актерот Џеред Лето повторно ќе го глуми овој легендарен филмски негативец.
Лето го глумеше овој лик и во „Одредот на отпишаните“ од 2016 година, но не и во вториот дел. Наместо тоа, Лето глуми во новото, исто така овогодишно продолжение, на филмот „Лига на правдата“ што е во постпродукција и прикажувањето е закажано за 18 март.
Според објавените фотографии, Џокер повторно ќе има долга мрсна коса, препознатливото избелено лице и шминка околу устата и очите, но и гумени ракавици и бела тоалета, што е новост.
Трикот на таа сцена со Џокер е дека тој разговара директно со Бетмен за Бетмен – вели Снајдер за „Венити фер“.
Џокер го анализира Бетмен околу тоа – кој е и што е, а „Џокерот“ Џеред Лето и „Бетменот“ Бен Афлек никогаш не се сретнале, што е неправда и јас решив дека ќе ја коригирам – објаснува режисерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.