Едноминутен „осврт“ на последните две епизоди од „Игра на тронови” протече на интернет, а ако е веродостоен, според коментарите на социјалните мрежи, илјадници обожаватели ќе бидат разочарани.
Видеото набргу беше отстрането, но сепак оние што го виделе освртот пред да биде тргнат од интернет, веќе објавуваат негативни коментари за серијата.
Пари колку сакате, актерска постава на столетието и моќна ТВ-мрежа зад вас… И вие сепак успеавте да ја упропастите најдобрата серија во историјата. Какво достигнување! А и оние протекувања за крајот на серијата! Каков распад, коментира една обожавателка на Твитер.
Светските медиуми наголемо пишуваат за тоа како, наводно, ќе заврши серијата, но од почит кон оние што не сакаат да го дознаат крајот, за тоа во друга прилика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.