Американскиот актер и продуцент Том Круз на лондонскиот сет на неговиот нов, седми по ред филм од франшизата „Невозможна мисија“, разбеснето им се развикал на членови на филмската екипа откако ги видел како седат блиску и без дистанца. Британскиот весник „Сан“ го споделува аудиото на кое може да се чуе бесниот Круз како се заканува со откази за секој што нема да ги почитува мерките.
Ако ве видам уште еднаш е*ено сте готови, може да се чуе на дел од снимката.
За снимањето Круз бил многу внимателен, пишува весникот, па дури и платил 500 илјади фунти за брод на кој екипата ќе може да се изолира.
Создадовме работни места за илјада луѓе, по ѓаволите, не сакам повеќе да ве гледам такви, дали е јасно?! Луѓето од индустријата гледаат во нас за да видат дали е безбедно да се работи! Тие ги губат своите работни места, куќи, пари за децата и нивните колеџи, а вие се зафркавате?!, се само дел од работите што Круз ги кажува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.