Јужнокорејскиот актер Ча Ин Ха почина на 27-годишна возраст, потврди неговата агенција „Фантагио“. Според пишувањето на медиумите, телото е пронајдено во неговиот дом, а причината за смртта сè уште не е позната.

Тажни сме затоа што мора да објавиме тешка и трагична вест. Актерот Ча Ин Ха не напушти на 3 декември, и тешко ни е да веруваме во тоа – велат од агенцијата.

Семејството и пријателите молат за приватност сè додека полицијата не ја испита причината за смртта.

Ова е уште еден од низата трагични и ненадејни смртни случаи на млади јужнокорејски sвезди во последните седум недели.

Минатиот месец во стан е пронајдено телото на тамошната поп-ѕвезда, 28-годишната Гоо Харе, а на 14 октомври почина три години помладата пејачка Сули.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.