Голем дел од екипата на филмот „’Рѓа“ (Rust) – озлогласен по несреќата во која Алек Болдвин случајно ја застрела и уби снимателката Халина Хачинс, објавија отворено писмо со кое повикуваат филмот да се снима до крај. Писмото е поставено на Инстаграм-профилот на Болдвин.
За време на снимањето на „’Рѓа“, нашиот работен распоред и платите беа фер и во согласност со нашите очекувања. Описот на работата на снимањето на „’Рѓа“ како невнимателна, опасна и експлоататорска е погрешна и го одвлекува вниманието од најважното нешто – сеќавањата за професионалецот Хачинс и потребата од модернизирање на застарените техники и правила за безбедност и ракување со огнено оружје во филмската индустрија – се вели во писмото.
Авторите на писмото прецизираат дека нивниот став не го делат неколку луѓе кои го напуштиле снимањето по несреќата.
Претходно, помошничката-сценарист Мами Мичел и стручњакот за осветлување Серж Светној поднесоа тужби против Болдвин, продуцентите на филмот и техничарката за оружје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.