Холивудскиот актер Џек Николсон не е виден во јавност повеќе од една година, а неговите блиски пријатели стравуваат дека актерската легенда страда од деменција. 84-годишниот троен оскаровец ги поминува своите „тажни, последни денови“ во вила во Беверли Хилс.
Веќе не ја ни напушта својата куќа…Синот и ќерката се грижат за него, споделува негов долгогодишен пријател за „Радар Онлајн“.
Иако актерот има пет деца, најчесто е фотографиран во друштво на ќерката Лорен и синот Реј.
Физички е добро, но психички го нема. Навистина е тажно да се види таков талентиран актер како Џек да оди на овој начин, рекол изворот.
Славниот актер ја одигра својата последна улога во филмот „Како знаеш“ од 2010 година во кој глумеше со Рис Витерспун и Овен Вилсон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.