Mодната куќа Сен Лоран за празниците им подари на своите пријатели проекција на култниот филм “Убавицата на денот”, за кој шпанскиот режисер Луис Буњуел освои „Златен лав“.
Филмот во кој глумеше Катрин Данев во 1967 година, доживеа по 50 години ново обновено емитување со поддршка на модната куќа Сен Лоран. Не само што е ова на некој начин заживување на големиот филмски хит снимен на камера од 35мм, туку ова е голем настан за модната куќа, бидејќи токму Ив Сен Лорен ги креираше костимите за филмот.
На премиерата на филмот која се одржа во Музејот MoMA, Катрин Данев се појави во друштво со ќерката Кјара Мастројани, како и многу познати личности.
Се работи за француски филм од 1967 година кој е снимен врз основа на истоимениот роман на Жозеф Кесел од 1928 година.
Филмот говори за една млада жена која одлучува попладнињата од денот да ги поминува како проститутка додека нејзиниот сопруг е на работа.
Северин Сериз е млада и убава домаќинка која не може да ужива во физичката интимност со својот сопруг , докторот Пјер Серизи, иако тие се сакаат. При посетата на едно скијашко одморалиште тие ќе се сретнат со двајца пријатели , Анри Хусон кого Северин не може да го поднесе бидејќи смета дека тој ја гледа како објект и Рене. По враќањето дома , Северин одлучува да провери дали постои јавната куќа за која Хусон непримерно раскажувал додека биле на одмор, а кога ќе ја открие малку – помалку таа одлучува таму да работи во тајност.Проблемите ќе настанат бидејќи Хусон е чест посетител на тој бордел…
Ова прв филм на познатиот шпански режисер Луис Буњуел кој го снимил во колор техника.Воедно тоа е и неговиот најуспешен и најпознат филм кој е влезен во историјата на филмот.
Насловот на филмот преставува игра на зборови на француски. Фразата “belle de nuit” е најдобро преведена на англиски јазик како „ноќна дама“, односно проститутка.
Како пак Северин работи како проститутка во текот на денот таа е всушност „ убавица на денот“. Тоа исто така може да биде и референца за француско име за цветот крин, што значи убавица на денот или небески цвет кој цвета само во текот на денот.
Во филмот покрај Катрин Денев настапуваат уште и Жан Сорел како нејзиниот сопруг, и Мишел Пиколи во ликот на Анри Хусон.
Филмот во 1967 година на Венецијанскиот филмски фестивал ја освои наградата Златен лав за најдобар филм како и наградата „ Пасинети“. Една година подоцна ја освои и наградата за најдобар Европски филм како и наградата на францускиот синдикат на филмските критичари.Во 1968 година филмот доби и номинација за наградата БАФТА за најдобра женска улога.
Во 2010 година филмот се најде на 56 место на листата на 100 најдобри филмови во светската кинематографија според филмскиот часопис „ Емпајер“.
За еден од најпознатите режисери Мартин Скорсезе овој филм преставува еден од најдобрите што го докажа и преку тоа што во 1995 година со негово несебично залагање филмот повторно бил дистрибуиран во САД како би можеле да го види поновата генерација а во 2002 година бил издаден и како ДВД издание.
Со филмот бил одушевен и легендарниот Алфред Хичкок особено ако се знае неговата опседнатост со ледените русокоси.
41 година подоцна , во 2006 година, португалскиот режисер Маноел Де Оливеира го сними фимот „ Убавица засекогаш“ чија приказна говори за тоа што може да се случи со главните ликови од овој филм многу години подоцна.
Интересно е да се напомене дека во филмот нема музика.
И тројцата актери кои ги толкуваат главните улоги во филмот , и ден денес се живи. Така, Катрин Денев денес има 75 години и сеуште е една од најактивните француски актерки, Жан Сорел денес има 84 години и така речи не е активен а Мишел Пиколи денес има 93 години а својот последен филм го сними во 2014 година.
Режисерот Луис Буњуел почина на 83 годишна возраст уште во далечната 1983 година.
Освен бројните награди и извонредните критики филмот беше извонредно примен и од страна на гледачите. Така филмот во Франција своевремено го виделе 2.161.160 гледачи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.