Познатиот американски глумец, Харисон Форд, му оддаде почит на својот неодамна починат колега Шон Конери. 

Двајцата актери заедно глумеа во филмот на Стивен Спилберг – „Индијана Џонс и последната крстоносна војна“, кога сер Шон го толкуваше таткото на главниот лик, игран од Форд.

Боже, колку многу се забавувавме. Ако Шон е сега во рајот, се надевам дека таму имаат терени за голф. Почивај во мир, драг пријателе! – изјави Форд во интервју за „Варајети“.

Форд се потсети и дека било вистинско задоволство да се вози со Конери во „руската приколка за мотоцикли што отскокнувала на нерамната, крива планинска патека“.

Пред Форд, и Роберт де Ниро, Кевин Костнер, Мајкл Кејн, Даниел Крејг, Пирс Броснан и многу други се простија од првиот „Џејмс Бонд“, кој почина викендов на 90 години. 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.