Актерката Мира Фурлан почина во 66 година од животот, а зад себе остави бројни улоги, како и сопругот Горан и синот Марко.
Нејзиниот живот бил многу бурен, а 1986 година го запознала српскиот режисер Горан Гајиќ со кој започнала врска. Бидејќи поради љубовта живеела на релација Белград-Загреб, хрватските медиуми на почетокот на деведесеттите години ја обвиниле дека се приклонила на Србија и објавувале текстови во кои ја нарекувале предавник.
Откако добила отказ во Хрватскиот народен театар, одземен и е станот кој го наследила од баба и, а дневно добивала околу 50 закани со смрт.
Мира и Горан се венчале 1993. Биле приморани да се преселат во Белград, од каде заминале во САД.
Во 1998 година го добиле синот Марко Лав.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.